Дома Фудбал Останато Видео: Луд натпревар – Белгија во трилер завршница ја победи БиХ

Видео: Луд натпревар – Белгија во трилер завршница ја победи БиХ

Белгија и БиХ одиграа луд натпревар во Сараево кој на крајот им припадна на гостите (3:4) и ги оддалечи Босанците од баражот за СП.

И покрај фактот што Белгија веќе го имаше обезбедено првото место во групата, од самиот старт се виде дека игра за победа и поведе уште во 4-та минута преку Муније.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Босанците направија целосен пресврт до крајот на полувремето откако во 30-та и 39-та погодија преку Медуњанин и Виска.

Белгија на стартот од второто полувреме пак го сврте резултатот во своја полза преку Батшуаи и Вртонген, но тоа не беше крај на возбудувањата на стадионот „Грбавица“.

Најпрвин домаќините израмнија преку Думиќ во 82-та минута, за само но само една минута подоцна Белгија преку Караско го возврати ударот за конечни 3:4.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Роналдо официјално го продолжи договорот со Ал-Наср – саудијците спектакуларно објавија!

Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо јасно го продолжи договорот со Ал-Наср. Саудиски…