Дома Фудбал Англија Видео кое покажува дека сепак можеби имало нешто – Фернандеш се налути на новото засилување ?

Видео кое покажува дека сепак можеби имало нешто – Фернандеш се налути на новото засилување ?

Фудбалерите на Манчестер Јунајтед вечерва ќе играат против ПСЖ во рамките од првото коло во Лигата на шампионите.

„Црвените ѓаволи“ вчера го одработија последниот тренинг пред вечерашниот меч, а во центарот на вниманието се најде Бруно Фернандеш кој вечерва ќе биде капитен на Јунајтед на „Паркот на принцовите“.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Во медиумите претходните денови, посебно после дебаклот од Тотенхем се пишуваше за наводно расправија во соблекувалната на Јунајтед во која во главна улога бил токму Фернандеш. Фудбалерот набрзо потоа ги демантираше таквите пишувања, но сега се појави видео кое покажува дека можеби сепак имало нешто.

На социјалните медиуми е објавено видео на кое може да се види како Фернандеш се лути на новиот играч на Јунајтед, Алекс Телеш додека играат „шева“. Секако, не е ништо сериозно, но е доволно да ја покаже избувливоста на Португалецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Тотенхем објави разделба со Игор Тудор, не е јасно кој ќе го води тимот до крајот на сезоната

Тотенхем и Игор Тудор се разделуваат по взаемна согласност, објави клубот. Хрватскиот трен…