Јирген Клоп, сега веќе поранешен тренер на Ливерпул, беше испратен во последното коло од Премиер лигата на прекрасен начин од навивачите, клупскиот персонал и играчите.
Една од почестите за Клоп беше шпалир, а сите играчи на Ливерпул му аплаудираа освен еден – уругвајскиот напаѓач Дарвин Нуњез.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Нуњез е играчот за кој Ливерпул плати највисока сума за дојдовен трансфер – 85 милиони евра.
Но, незадоволството на Уругваецот растеше во текот на сезоната.
Во еден момент од Инстаграм ги избриша сите негови фотографии во дресот на Ливерпул, се пишуваше дека се распаднал со Клоп и дека на лето ќе го напушти клубот.
Every player clapped as Klopp made his way through the guard of honour. All except one. The same player that couldn't have looked less interested during his final post-match team talk. pic.twitter.com/OypqO6Dolj
— matt (@ynwamatt) May 19, 2024