Младите Италијанци вечерва ги совладаа своите врсници од Германија, па со глед на фактот дека Чешка загуби од Данска, двете репрезентации се пласираа во полуфиналето.
Таму веќе од претходно беа пласирани Шпанија и Англија, па ќе гледаме силни полуфинални натпревари помеѓу „аѕурите“ и „црвената фурија“, како и меѓу Германија и Англија.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Италија со гол на Бернардески во 31. минута ја победи Германија и како првопласирана се пласира во полуфиналето на Европското првенство поради подобриот меѓусебен дуел со Германците.
Германија како најдобра второпласирана оди меѓу четирите најдобри, тие имаат гол разлика 5-1, Словачка со 6-3 заминува дома.
Македонија Европското првенство го заврши на 12-то место!