Ноќта на 4-ти ноември беше историска за сите фанови на „е-спортот“ – за прв пат после 20 години во „Старкрафт“, Јужна Кореја не е доминатна сила.
Оваа година доминацијата ја превзема Финска, односно одличниот млад играч Серал кој во текот на годината воодушеви со своите настапи. Освои големи турнири, а круната
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
беше оваа најважната во кариерата на секој професионален „е-спортист“- стана светски шампион.
Така оваа 2018 година влегува во историјата како прв година во која трофејот наменет за „Старкрафт 2“ светскиот шампион го подигнал некој кој не е Кореец. Серал прво во четвртфиналето го исфрли Дарк, кој претходно зборуваше дека Серал му е најелсниот противник, а потоа во полуфиналето падна и досегашниот шампион, Роги.
На крајот во финалето го чекаше одличниот Статс. Но едноставно Серал беше незапирлив, прикажа извонредна игра на повисоко ниво и заслужено стигна до титулата.
Серал со оваа светска титула освои 250.000 долари, со што дојде до бројката од 550.000 долари заработени во досегашната кариера само од турнири.