Дома Фудбал Италија Видео: Интер сигурен во Сардинија, Несторовски поразен дома

Видео: Интер сигурен во Сардинија, Несторовски поразен дома

Интер запиша уште една победа на незгодното гостување во Каљари, Удинезе загуби дома, Џенова со голема победа.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Лаутаро Мартинез погоди за водство на Интер во 25-та минута, но Жоао Педро го израмни резултатот на почетокот на второто полувреме.

Победата на Интер му ја обезбеди Ромелу Лукаку до пенал во 72-та минута.

Удинезе на Несторовски доживеа вистински дебакл на домашен терен иако поведе со 1:0 со голот на Лазања. Потоа следуваше вистинска доминација на Парма која до крајот постигна три гола преку Жервињо, Рикардо Гаилјоло и Роберто Инглезе.

Џенова ја совлада Фиорентина со 2-1, а Горан Пандев влезе во игра во самиот финиш на мечот.

Аталанта и Торино одиграа спектакуалрен меч кој заврши со резилтат 2:3, додека Сасуоло ја декласираше Сампдорија со 4:1.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

На повидок скандал на Светското првенство: Се зборува за наместен натпревар што ги одредува и судбините на БиХ и Австралија

Во пресрет на последното коло од Групата Д на Светското првенство, социјалните мрежи се пр…