Дома Фудбал Останато Видео: Заплака затоа што не успеа да постигне гол и да го посвети на Астори

Видео: Заплака затоа што не успеа да постигне гол и да го посвети на Астори

Фудбалскиот свет вчера го потресе веста за смртта на италијанскиот дефанзивец и кпаитен на Фиорентина, Давиде Астори кој беше пронајден мртов во својата хотелска соба.

Фиорентина вчера требаше да го одигра својот натпревар на гостински терен против Удинезе. Трагичната вест го потресе целиот фудбалски свет, а посебно играчите кои имаа прилика лично да го запознаат и да играат заедно со Астори.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Еден од нив беше и црногорскиот фудбалер Марко Баќиќ кој некогаш ја делеше соблекувалната со Астори во Фиорентина. Црногорецот во овој момент настапува за Беленесес и на вчерашниот натпревар против Гуимараеш силно сакаше да постигне погодок.

Бакиќ имаше намера голот да го посвети на трагично починатиот пријател, но на крајот не успеа во својата намера. Беше заменет на дваесетина минути пред крајот, по што не можеше да издржи и заплака.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

На Ливерпул вакво нешто не му се случило цела деценија!

Поразот од Брајтон го означи десеттиот неуспех на Ливерпул во тековната сезона од Премиер …