Дома Фудбал Англија ВИДЕО: Жесус два пати стрелаше, Стерлинг го откажа Евертон, „Граѓаните“ до победа!

ВИДЕО: Жесус два пати стрелаше, Стерлинг го откажа Евертон, „Граѓаните“ до победа!

Денешната програма во Премиер лигата беше отворена со натпреварот помеѓу Манчестер Сити и Евертон.

Евертон е тим кој може да им направи проблем на гигантите во Англија, па поради тоа се очекуваше интересен натпревар, а токму таков и гледавме. Во натпревар со четири погодоци, Манчестер Сити го совлада Евертон со 3:1.

Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


„Граѓаните“ до предност стигнаа после дваесетина минути игра преку Габриел Жесус. Поранешниот фудбалер на Барселона, Јери Мина испрати една лоша долга топка која стигна до фудбалерите на Манчестер Сити кои тоа знаеа да го искористат.

Ова беше и единствениот гол во првите 45 минути.

На самиот старт во второто полувреме, после пет минути игра Жесус го постигна својот втор гол и зголеми на 2:0. Евертон преку Калверт Луин во 65-тата намали на 2:1.

Веднаш по овој гол на противникот, Гвардиола на терен го испрати Рахим Стерлинг кој само после три минути стави точка со погодок за 3:1.




Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Нова понуда за Леаo: Гигант нуди 75 милиони евра плус фудбалер

Шансите дека Рафаел Леао ова лето ќе се пресели во Баерн се намалуваат, тоа е факт, меѓуто…