Младиот шпански фудбалер, Пабло Форналс дефинитивно го обележи последното коло од Ла Лига.
Во новата сезона овој играч за врска на Виљарал влезе лошо, исто како и неговиот клуб, но потоа во шестото коло против Атлетик Билбао експлодираше.
Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?
Форналс за играчите на домашната екипа беше нерешлива енигма. Освен што во синоќешниот натпревар постигна гол со волеј од 40 метри за кој многу ќе се зборува, исто така го „презентираше“ неверојатниот дриблинг кое предизвика задоволство на трибините.
Како тоа изгледаше, погледнете во приложеното видео.