Дома Фудбал Останато ВИДЕО: Диего Коста ги воодушеви навивачите со својот изглед – ЅВЕРОТ наскоро се враќа

ВИДЕО: Диего Коста ги воодушеви навивачите со својот изглед – ЅВЕРОТ наскоро се враќа

Шпанскиот напаѓач, Диего Коста на почетокот на оваа сезона го напушти Челзи откако Антонио Конте му кажа дека повеќе не смета на него.

Коста во изминативе сезони беше најдобриот стрелец на „Сините“, но неговиот статус во клубот драстично се промени со доаѓањето на Конте. Италијанскиот стратег му кажа дека повеќе нема место за него во Челзи, поради што Коста одлучи да се врати во Атлетико Мадрид.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Меѓутоа, шпанскот напаѓач нема право на настап за Ателтико до јануари следната година, бидејќи клубот од Мадрид не може поради суспензијата да пријави нови играчи до крајот на годината. Сепак, Коста напорно работи за во добра форма да го дочека своето враќање во дресот на Атлетико Мадрид.

Коста одлучи да сподели видео на Инстаграм од својот тренинг и ја воодушеви јавноста со својот изглед. Напаѓачот на Атлетико само кратко порача дека ѕверот наскоро се враќа на теренот.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Аларм во Наполи, се повреди Лукаку

Италијанскиот шампион Наполи ја заврши својата предсезонска подготовка со успех, победувај…