Aктуелниот НБА шампион Голден Стејт изминатата ноќ запиша пораз од Милвоки на домашен терен со 111:134 и така им беше прекината серијата од осум победи во низа, но навивачите на овој тим повеќе ги загрижува повредата на Стеф Кари.
Кари се повреди кон средината на третата четвртина и остана на паркетот уште неколку минути, а потоа се упати кон соблекувалната. Карактерот на повредата се уште не е познат.
„Без вино, животот би бил…“ – искрен разговор со енологот Теодор Бојаџиев
„Ми изгледаше во ред, се надевам дека не се работи за потешка повреда“, изјави соиграчот на Кари, Кевин Дурант.
¡El momento de la lesión de @StephenCurry30!#GSW 111-#MIL 134#NBA pic.twitter.com/v4EfV0UawZ
— SHOWTIME (@COPESHOWTIME) November 9, 2018