Тимот на Ватфорд е најпријатното изненадување од почетокот на сезоната во Премиер лигата и имаат максимален ефект откако денес го победија и Тотенхем. Манчестер Јунајтед победи на гостувањето кај Барнли.
Тотенхем одлично го отвори натпреварот и доминираше во првото полувреме, но не успеа да постигне гол.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Второто полувреме почна лошо за домаќините, откако Докуре во 53-та минута си постигна автогол. Тоа како да го „разбуди“ Ватфорд кој успеа да направи целосен пресврт до крајот. Најпрво Дрини во 69-та минута погоди за 1:1, а десет минути подоцна Каткарт го матира Лорис за 2:1.
Манчестер Јунајтед конечно после два порази успеа да стигне до трите бода, а херој за „црвените ѓаволи“ овој пат беше Ромелу Лукаку. Тимот на Мурињо ја обезбеди победата со двата гола во првото полувреме, а во вторто иако немаше голови видовме многу возбудувања.
Најпрво Погба не успеа да реализира пенал во 69-та минута, а три минути подоцна „црвените ѓаволи“ останаа со играч помалку бидејќи судијата му покажа директен црвен картон на Рашфорд.