Медија тимот на ЕХФ ТВ ја  започна најавата на Ф4  турнирот во Келн, Германија каде ќе се соберат најдобрите четири екипи од елитната лига. Тие  објавија видео од најубавите голови постигнати во Лигата на шампионите оваа натпреварувачка сезона 2017/2018 година. Во ова видео имаше место за црвено-црниот “бомбардер“, Вуко Борозан. Тој се најде во изборот  со фантастичниот гол кој го постигна во клучните моменти од 1/4-финалниот реваншот против Кил во “Јане Сандански“.

Покрај головите ЕХФ ТВ во клипот ги има внесено и реакциите на коментаторите. За “бомбата“ на Борозан, коментаторот на МТВ, Зоран Видевски  вели …“Купи ми мајко топ“..

Воздухот што нè убива: Зошто Скопје е меѓу најзагадените градови?


Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Видео

Проверете

Ракометарите ги започнаа подготовките за ЕП, Кузмановски порача: Ова е најубавиот период во годината!

Македонската ракометна репрезентација денеска официјално ги стартуваше подготовките за нас…