Поради дисциплински причини, тренерот на Јувентус , Макс Алегри го исфрли од тимот дефанзивецот Леонардо Бонучи за дуелот со Порто во Лигата на Шампионите.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Бонучи на „Драгао“ од трибините ги гледаше своите соиграчи. Иако блиску до него во ложата седеја спортскиот директор Марота и потпретседателот Павел Недвед, казнетиот и посрамотен стопер се држеше по страна, сам, осамен и очигледно тажен.
Кога Пјаца постигна гол за водство на Јувентус, Бонучи воопшто не се ни помдрдна од место, но три минути подоцна кога Дани Алвеш ги постави конечните 2:0, Бонучи експлодираше и ја прослави победата.
Интересно е дека после натпреварот Бонучи не замина во соблекувалната да слави со своите соиграчи, туку сам тренираше на стадионот на Порто.