Дома Фудбал ВИДЕО Барселона победи со голот на новото 18-годишно чудо од 40 милиони евра

ВИДЕО Барселона победи со голот на новото 18-годишно чудо од 40 милиони евра

Фудбалерите на Барселона како домаќини со 1:0 ја победија Осасуна во 20-тото коло на шпанската Ла Лига.

Многу тешко Барселона ги освои домашните бодови кои ги обезбеди Витор Роке со гол во 63. минута.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Одлична асистенција забележа Жоао Кансело, а Роке со глава му донесе три бода на својот тим.

Младиот бразилски напаѓач Витор Роке (18) оваа зима пристигна во Барселона за 40 милиони евра од Атлетико Паранаенсе.

Ова беше негов шести настап за Барселона и прв гол. Барселона е трета на рангирањето и има осум бодови помалку од Џирона, а седум помалку од Реал Мадрид. Осасуна остана на 12. позиција. Хетафе и Реал Мадрид во четврток ќе го одиграат последниот натпревар од ова коло.

Голот на Роке погледнете го ТУКА

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Њукасл против Ман Сити за ФА Купот

Дербито во петтото коло од турнирот за Купот на Фудбалската Асоцијација на Англија ќе биде…