Дома Фудбал Лига на шампиони Видео: Баерн Минхен и Јувентус се веќе во осминафинале!

Видео: Баерн Минхен и Јувентус се веќе во осминафинале!

Баерн Минхен без поголеми проблеми славеше против Олимпијакос со 2:0 и обезбеди пласман во следната фаза. Јувентус во судиското продолжение дојде до три бода против Локомотив Москва.

Натпреварот во Москва започна возбудливо уште од самиот старт. Веќе во 3-та минута Роналдо изведе слободен удар од косо, голманот ја испушти топката од раце, а пред самата гол линија Рамзи ја „заби“ во голот.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Меѓутоа, веќе во 12-та минута домаќините го израмнија резултатот со голот на Миранчук. До полувремето Јувентус создаде неколку шанси, но не успеа да постигне гол.

И во вториот дел гостите беа поконкретни, а победата стигна во 93-та минута со голот на Даглас Коста после една фантастична акција.

Баерн Минхен со новиот тренер имаше неколку промени, во тимот се вратија Милер и Горецка, а Баварците ја оправдаа фаворитската улога.

Во првото полувреме мрежите мируваа, иако домаќините беа подобри на теренот. Предноста стигна дури во 67-та минута кога Левандовски погоди за 1:0, а конечните 2:0 ги постави Перишиќ во 89-та минута.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Ливерпул сака да го замени Исак со напаѓач за кој ПСЖ плати 80 милиони евра!

Ливерпул има намера да го обезбеди напаѓачот Гонзало Рамош од Пари Сен-Жермен на шестмесеч…