Дома Фудбал Светско првенство во фудбал Видео: Англија броеше до шест, Панама со првенец на СП

Видео: Англија броеше до шест, Панама со првенец на СП

Англија освои ноби три бода откако ја декласираше Панама со високи 6:1.

Херој на Гордиот Албион беше Хари Кејн кој постигна три гола, два пати ја затресе мрежата дефанзивецот Стоунс, а прекрасен гол постигна и Лингард.

ВАР во македонскиот фудбал – Разговор со Дејан Јакимовски | Уште еден поткаст


Англија тргна фуриозно и веќе во 10-та минута го отвори резултатот со голот на Стоунс од корнер. Неколку минути подоцна Хари Кејн беше сигурен од белата топка, а во 34- минута најубавиот гол на мечот го постигна Лингард.

До крајот на полувремето уште еднаш погоди Стоунс, а неколку минути подоцна над него беше направен пенал, кој во гол го претвори Хари Кејн.

Во второто полувреме Хари Кејн го комплетираше хет-трикот и изби на првото место на листата стрелци, а на десетина минути пред крајот Панама преку Балој го постигна првиот гол на Светските првенства за радост на навивачите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

Трансферот е речиси договорен: Васкез пред потпис со новиот клуб!

Лукас Васкез се наоѓа на прагот да ја продолжи својата кариера во Турција. Фудбалерот на Р…