Кошаркарите на Голден Стејт стигнаа до брејк и поведоа со 1:0 во финалната серија на Западот против Хјустон 106:119.
Најзаслужни за победата на бранителот на трофејот беа Кевин Дурант и Клеј Томпсон. Дурант во текот на целиот натпревар прикажуваше одлична игра, а на крајот натпреварот го заврши со 37 поени, додека Томпсон во пресудните моменти погодуваше шутеви за три поени. Одличниот шутер на крајот запиша 28 поени.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Покрај овие двајца Стеф Кари уфрли 18 поени, запиша шест скокови и додаде осум асистенции, а Дрејмод Грин пет поени, девет скокови и една асистанција.
На Хјустон не му помогна ниту одличниот настап на Џејмс Харден кој натпреварот го заврши со 41 поен, четири скока и седум асистенции. Зад Харден следуваше Крис Пол со 23 поени и 11 скокови, па Ерик Гордон со 15 поени и пет скокови и Клинт Капел со 12 поени и шест украдени топки.
Следниот натпревар на програмата е помеѓу среда и четврток со почеток од три часот по наше време.