Артуро Видал четири години беше дел од Јувентус, а вчера пред почетокот на дербито го бакна грбот на Јувентус на тренерката на Џорџо Киелини.
Видал беше стрелец на еден од двата гола, додека после мечот откри зошто го бакнал грбот на Јувентус.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Не сакав да бакнам грб на друг клуб. Тој бакнеж беше почит за еден брат кој ми даде многу во фудбалот и со кој заедно поминавме многу убави години. Го почитувам мојот клуб, фановите и луѓето кои ми дадоа шанса да играм тука. Ќе ја дадам и душата за овој тим. Напред Интер“, порача Видал после натпреварот.
#Vidal e il bacio allo stemma della Juventus a favore di telecamere nella sera di #InterJuventus
— Lapo De Carlo (@LapoDeCarlo1) January 17, 2021
Si commenta da solo e se ne parlerà a prescindere dal risultato. pic.twitter.com/epguy09faD