Португалскиот стратег Жозе Мурињо учествуваше во еден квиз и мораше да одговара на блиц прашања.
Мурињо за одговор немаше многу време, само неколку секунди, па така на прашањето да именува три англиски дефанзивци одговори: Џон Тери, Гери Кејхил и…Следуваше тишина, не можеше да се сети на ниту еден друг.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
На Твитер многу брзо потоа се разви дебата и некои тврдат дека Мурињо намерно ги изостави дефанзивците на Манчестер Јунајтед Крис Смолинг, Лук Шо, Фил Џонс…
Ги заборави „Специјалниот“ и поранешните играчи на Челзи како Вејн Бриџ, Глен Џонс и Ешли Кол.
„100% тоа го направи намерно хаха“, напиша еден од корисниците на Твитер, друг додаде: „Не е луд да има толку лошо сеќавање“.
Но, сепак изглед Мурињо доби премалку време, а можеби и во право се оние кои тврдат поинаку.
Jose Mourinho forgot he coached Chris Smalling & Phil Jones. ???????????pic.twitter.com/OT63EODmEq
— Solomon Ford, KINGING (@FordTweet) September 16, 2019