Дома Фудбал Мбапе му даде 60.000 евра на полицаец, принуден е да замине во пензија

Мбапе му даде 60.000 евра на полицаец, принуден е да замине во пензија

Полицаецот кој беше задолжен за безбедноста на фудбалската репрезентација на Франција е казнет со предвремено пензионирање откако од ѕвездата на тимот Килијан Мбапе примил дарежлив паричен подарок. Одлуката ја донесе Главната дирекција на националната полиција на Франција, а за случајот извести агенцијата AFP, повикувајќи се на пишувањата на весникот Le Monde.

Адвокатот на полицаецот, Жан-Баптист Сифрон, порано изјави дека донацијата била потполно законска, извршена преку чек, и дека не постоела законска обврска таа да биде пријавена. Иако полицаецот беше предмет на административна истрага – и во октомври се појави пред дисциплинскиот совет кој не му изрече никаква санкција, се случи пресврт.

Неколку недели подоцна, на 20 декември, DGPN сепак ја донесе одлуката за неговото предвремено пензионирање. Како причина беше наведено тоа што за подарокот не ги информирал своите надредени.

Неговиот адвокат најави жалба на управниот суд, истакнувајќи дека одлуката на DGPN е контрадикторна, особено затоа што другите обвинувања против полицаецот беа отфрлени.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Новата генерација на Македонија У21 на проверка во Нови Сад со 24 фудбалери

Александар Таневски избра 24 играчи за контролата со Србија на 12 ноември. Дуелот е насоче…