Дома Топ вести Веќе е очигледно: Реал игра поубав и поубедлив фудбал без Роналдо!

Веќе е очигледно: Реал игра поубав и поубедлив фудбал без Роналдо!

Тимот на Реал Мадрид со победата над Депортиво од 6:2 го оствари 12-от триумф на 13 одиграни натпревари без Кристиано Роналдо оваа сезона.

Екипата предводена од Зинедин Зидан оваа сезона игра зачудувачки добро кога најдобриот фудбалер на светот не е на терен. „Кралскиот“ клуб постигна дури 49 гола без својот најдобар стрелец, што значи дека во просек постигнува четири гола кога Португалецот не е на теренот.

Како започна приказната со Goblin Games - од гаража до бренд! ↓↓↓


Кристиано оваа сезона идигра 37 официјални натпревари, од кои 25 во Примера и за разлика од претходните години постигна „само“ 19 гола во првенството, додека во Лига на шампиони на своето конто има седум погодоци, од кои пет против Баерн во четвртфиналето.

Реал Мадрид претходните сезони се мачеше без Португалецот на терен, меѓутоа оваа сезона тимот на Зидан игра многу поубав и поубедлив фудбал кога него го нема во тимот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

От Челзи решиле да се разделат со Нкунку, Баерн ја следи ситуацијата

Францускиот напаѓач Кристофер Нкунку ќе го напушти Челзи на лето, тврди германскиот новина…