Дома Топ вести Веќе видено: Погба го напушта Јунајтед поради Јувентус

Веќе видено: Погба го напушта Јунајтед поради Јувентус

Манчестер Јунајтед е спремен по завршивањето на сезоната да го пушти Пол Погба, кој сака да ја промени средината, пренесуваат медиумите на Островот.

Во последните неколку месеци се појавија многу шпекулации околу играчот од средниот ред на Манчестер Јунајтед, и медиумите тврдат дека Погба ја игра последната сезона на „Олд Трафорд“.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Неговиот агент Мино Раиола во неколку наврати потврди дека Французинот сака да го напушти клубот, а најсилен интерес за него покажуваат Реал Мадрид и Јувентус.

Британските медиуми пишуваат дека Манчестер Јунајтед ја спуштил цената на Погба на 100 милиони евра и дека Јувентус е спремен да ја плати таа сума.

Ситуацијата ја следи и Реал Мадрид, но Мино Раиола е во подобри односи со Јувентус и Погба е многу поблиску до Торино во овој момент.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Го постигна еден од најлудите голови во Серија А, а сега објави пензија 🎥

Французинот Жереми Менез објави дека заминува во пензија на 37-годишна возраст. Сезонава М…