Дома Фудбал Останато Вејн Руни го направи еден од најбруталните стартови оваа сезона (ВИДЕО)

Вејн Руни го направи еден од најбруталните стартови оваа сезона (ВИДЕО)

Вејн Руни е автор на еден од најжестоките стартови оваа сезона.

На натпреварот помеѓу неговиот Ди-Си Јунајтед и Лос Анџелес гостите победија со 4:0, а легендарниот англиски фудбалер во 52-та минута непромислено стартуваше над Диего Роси.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Главниот судија на натпреварот за овој старт на Руни прво му кажа само жолт картон, но после реакцијата од ВАР собата ја промени својата одлука и го испрати Руни предвреме во соблекувалната.

Роси за среќа помина без последици, во натпреварот во кој постигна три гола за својот тим. За Руни ова беше седми црвен картон во неговата кариера, прв во последните пет години. Руни после заслуженото исклучување не се бунеше и мирно го напушти теренот.

https://youtu.be/_hrvGebiD6E

Во МЛС лигата 33 годишниот напаѓач игра во одлична форма и има четири гола и две асистенции на пет натпревари. Неодамна постигна прекрасен гол од слободен удар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Модриќ откри без кој човек никогаш не би потпишал за Реал Мадрид

Лука Модриќ, еден од најдобрите средни играчи на светот, повторно привлекува внимание. Ова…