Легендата на англискиот фудбал и Манчестер Јунајтед, Вејн Руни го критикуваше Вирџил Ван Дајк за изјавите по градското дерби со Евертон во кое Ливерпул беше поразена со 2:0.
Со овој пораз Ливерпул драстично си ги намали шансите за титулата во Премиер лигата.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Холанѓанецот по натпреварот се обиде да даде оправдување за поразот, а помеѓу другото истакна дека време е да се сконцентрираат на натпреварот со Вест Хем.
„Како капитен на Ливерпул зборува како да е победен во таа борба откако го загубија дербито, а тоа не смее да се случува. Морате да продолжите да верувате до последен момент, посебно ако сте капитен, треба да сте пример кој другите ќе го следат. Не смеете да се откажувате и да зборувате како да сте победени предвреме“, изјави Руни.