Во двомечот помеѓу Италија и Шведска, Лоренцо Инсиње на теренот мина вкупни 14 минути, без оглед на тоа што фудбалерот на Наполи моментално игра најдобро во досегашната кариера.
Сега веќе некогашниот италијански селектор, Џампиеро Вентура во првиот меч во Стокхолм го внесе Инсиње во 76. минута, а во реваншот воопшто не му понуди шанса да игра, иако Италија требаше со сите сили да тргне кон победа.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Се заврши 0:0, Инсиње остана на клупата, Италија не се пласираше на СП, а Вентура заработи отказ.
За десетина дена по историскиот неуспех на Италијаните, Инсиње прво погоди против Милан во победата од 2:1, а вечерва постигна спектакуларен гол против Шахтјор во ЛШ.
Мајсторијата на Инсиње навистина вреди да се види, а веројатно ја виде и Вентура кој очигледно не знаеше каков играч имаше на клупата.