Александар Бозароски, Менде Петкоски, Филип Ангеловски и ветеранот Тони Димоски се староновите имиња со кои ќе се подобрува ростерот на младиот состав од Ракометниот клуб Прилеп. Овие тројца поранешни играчи на прилепските ракометни клубови меѓу кои и Тутунски Комбинат, деновиве започнаа со тренензи и интензивни подготовки за што поскоро вклучување во натпреварите на РК Прилеп во плеј аутот групата.
Капитенот на РК Прилеп ,Давор Шокоски пред натпреварот изјави:
–Иако,Радовиш се фаворити, ние ќе дадеме се од себе,да победиме. Но,сепак сакам да потенцирам дека ние сме млада екипа,составена од неискусни ракометари,чии просек на старосна граница е 16 години, но ќе ја искористиме секоја шанса,за да издвојуваме победа со искусниот тим на Радовиш. Голема помош во овој натпревар ќе ни бидат и искусните Ангеловски,Бозароски,Менде Петкоски и голманот Тони Димоски,кои имаат многу натпревари зад себе,имаат заедно настапувано и во други тимови и знам дека ќе ни бидат од голема помош.Тоа е уште поголема причина да ги повикам нашите фанови и љубителите на ракометот,да дојдат, сабота,во 17,00 ч во салата на СОУ Р.Р Ричко,да не бодрат, бидејќи би ни биле од голема поддршка во овој натпревар, истакна капитенот Шокоски.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
По одигрувањето на овој првенствен натпревар, утре со почеток од 19 часот ќе се одигра и еден хуманитарен пријателски меч во организација на навивачката група Мајмуни Прилеп 1997. Пријателскиот хуманитарен натпревар ќе се игра меѓу Ветеранскиот ракометен клуб Млади ветерани од Прилеп и Репрезентацијата на Македонија – Ветерани. Средствата од влезниците се наменети за помош на малиот Трајче.