Дома Фудбал Серхио Рамос пристигна на место да ја купи Севиља

Серхио Рамос пристигна на место да ја купи Севиља

Шпанската легенда Серхио Рамос пристигна во Севиља за на лице место да води преговори околу евентуалното купување на клубот.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Неговата идеја е така овој процес да се заврши побрзо. Легендарниот дефанзивец не сака да чека повеќе и следниве денови има закажани неколку состаноци со големите акционери во клубот и други клучни фигури во процесот на продажба. Со него ќе биде и неговиот адвокат Хулио Сен.

Поддржан од неколку значајни инвеститори, поранешниот капитен на Реал Мадрид нуди околу 400 милиони евра, што ги вклучува и долговите на клубот. Токму овие обврски се клучен елемент кој Севиља треба да го разјасни, со цел да се одреди и соодветно намали крајната цена на акцијата.

Сопственоста на клубот е распределена меѓу шпанската акционерска компанија Sevillistas de Nervion S.A, американската инвестициона компанија 777 Partners, Рафаел Карион Морено и доверливците на навивачите.

Интерес за акциите на клубот имаше и од една американска компанија, чијшто име не беше разоткриено, но во моментов изгледа дека таа е надвор од играта.

39-годишниот Серхио Рамос е воспитаник на Севиља. Тој играше за тимот од 2004 до 2005 година, пред да се врати за уште една кампања во сезоната 2023/2024. Во моментов е без клуб, но не го најавил крајот на својата кариера.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Паника во Аргентина, а причината е – Лионел Меси (Видео)             

Аргентинскиот фудбалер Лионел Меси синоќа запиша две асистенции за Интер Мајами во победат…