Дома Ракомет Галевски: И Данска има слаби страни, а ние имаме инспирација и нема да се штедиме

Галевски: И Данска има слаби страни, а ние имаме инспирација и нема да се штедиме

Македонскиот репрезентативен голман Иван Галевски даде свое видување за првиот меч на Европското првенство (ЕП) кое почнува денеска за Македонија, и тоа против Данска.

Галевски е свесен со какви ѕвезди располага Данска, но кажа дека не се плашат од никого и нема воопшто да се штедат на теренот.

„Го чекаме стартот на ЕП. Секоја селекција има слаби страни, така е и со Данска која има малку. Имаме инспирација, ќе ја играме нашата игра, нема да се штедиме и одиме на победа“, кажа Галевски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Само победа ја продолжува европската надеж на Пелистер во Логроњо

По домашното дерби со Охрид, Пелистер веднаш замина за Шпанија. Во вторник против Ла Риоха…