Дома Фудбал Англија „Верувајте ми, Мустафи и Луиз се фантастични играчи“

„Верувајте ми, Мустафи и Луиз се фантастични играчи“

Шкодран Мустафи и Давид Луиз претходните неколку недели се на удар на критичарите после слабите игри за Арсенал.

Во нивна одбрана одлучи да застане голманот на овој тим Емилијано Мартинез. Тој вели дека Мустафи и Луиз се одлични играчи и дека се чувствува многу сигурно на голот кога тие се пред него.

Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓


„Верувајте ми, Давид и Шкодран се фантастични играчи. И двајцата се долги години на врвно ниво. Кога направиш грешка против голем тим, добиваш казна и луѓето ја обвинуваат нашата одбрана за поразите. Но, јас се чувствувам безбедно кога двајцата се тука.“ – изјави 27-годишниот чувар на мрежата.

Инаку, Арсенал после 33 одиграни кола во ПЛ се наоѓа на 7. позиција со 49 освоени бода.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Нервозниот Белингам го истури бесот врз ВАР-екранот (Видео)

Реал Мадрид на изненадување на многумина го загуби натпреварот во претходното коло на Ла Л…