Дома Останати Авто Мото Верстапен го продолжи договорот со Ред Бул – потпишан еден од најголемите договори во историјата на Ф1

Верстапен го продолжи договорот со Ред Бул – потпишан еден од најголемите договори во историјата на Ф1

Во Формула 1 вообичаено возачите добиваат договори на две или максимално четири години. Меѓутоа, Ред Бул верува во Макс Верстапен и ќе го задржи до 2028 година.

Актуелниот договор на шампионот во Формула 1 истекуваше 2023 година и од следната сезона ќе заработува 50 милиони евра по сезона. Станува збор за еден од најголемите договори во историјата на Формула 1.


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Ред Бул со оваа плата го стави Холанѓанецот рамо до рамо со Луис Хамилтон од Мерцедес.

„Тоа што го задржавме Макс до 2028 покажува какви планови имаме за во динина. Првата цел е да ја одбраниме освоената светска титула“, изјавија од Ред Бул.

Целата своја кариера Верстапен ја помина во Ред Бул, прво започна во филијалата на овој тим, Торо Росо за од 2016 година да седне во болидот на Ред Бул.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Авто Мото

Проверете

Симеоне викендов испишува историја: Ова не му успеало на никој друг!

Аргентинскиот стратег, Диего Симеоне даде многу на Атлетико, а викендов ќе влезе во истори…