Дома Фудбал Италија Верона ја оствари целта, Парма бара спас на сезоната

Верона ја оствари целта, Парма бара спас на сезоната

Вечерва на програмата е последниот дуел од 22-то коло на Серија А каде што вечер во 21:00 часот силата ќе ја мерат Верона и Парма.

Верона: Примарната цел е остварена!

Иако поголем дел од љубителите на фудбал сметаа дека минатата сезона е случајност и дека во овој шампионат екипата од Верона ќе се бори за опстанок, тие ни го докажаа спротивното. Избраниците на Јуриж полека, но сигурно стануваат еден стабилен прволигаш кој ако се е по планот за следната сезона ќе мора да размислуваат за Европа. Моментално овој тим се наоѓа на 9-то место  на табелата со само 15 бода помалку во однос на тимот кој се наоѓа на местото кое води во Серија Б, па сигурно може да кажеме дека Верона ги надмина сите грижи околу опстанокот. Во изминатите две кола доживеаа два порази од Рома и Удинезе, а пред тоа изиграа фантастично каде што без проблеми го совладаа фаворизираниот Наполи.

Парма: Никој ова не го очекуваше


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Впечатокот е дека Парма игра катастрофално во вогодинашното издание на Серија А. Имено, тие моментално се наоѓаат на претпоследното место на табелата на италијанската Серија А со 13 освоени бода што е навистина премалку. Во минатото коло претрпеа нов пораз и тоа на домашен терен од Болоња каде што беа поразени со убедливи 0-3 што е навистина премногу со оглед на тоа што имаат добар трансфер период. Неверојатно звучи податокот дека Парма последната победа ја запиша на гостувањето кај Џенова во крајот на номеври кога салвеа со 1-2. Што се однесува до гостувањата на овој тим, досега изигра 10 натпревари и остварија само една победа, а тоа е навистина премалку за тим кој сака да остане во елитата.

Предлог

Верона и оваа година прикажува исклучително добри партии, додека гостите од Парма се убедливо најнепријатното изненадување на овогодинашното издание на италијснакта Серија А. Сепак, треба да признаеме, Парма добро се појача во трансфер рокот, па тоа мора да излезе на површина. Очекуваме Х2 со квота 1.65 во 1xBet, a љубителите на голови може да испробаат со 3+ за што ќе си добијат квота 2.18 во истата обложувалница.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Онана му подари гол на Плзен, но Јунајтед победи

Манчестер Јунајтед ја забележа својата трета победа во Лига Европа откако направи пресврт …