Вчера во германскиот куп после голема драма Вердер ја победи Борусија Дортмунд и се пласираше во четвртфиналето.
Видовме навистина буквално, добри потези, судиски грешки, шест голови и пенали по кој се реши патникот во полуфиналето.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
После регуларните 90 минути резултатот беше 1:1. Погодуваа Рашница во 5-тата и Ројс во судиското продолжение од првото полувреме.
Во продолженијата Борусија два пати доаѓаше до предност со головите на Пулишиќ и Хакими, Вердер пак се враќаше преку Пизаро и Харник. Така се пристапи кон изведувањето на удари од белата точка.
Пенал рулетот донесе среќа за Вердер каде што славеа со 4:2