Дома Фудбал Англија Венгер со СМС пораки го убедува Санчез да остане

Венгер со СМС пораки го убедува Санчез да остане

Менаџерот на Арсенал, Арсен Венгер вели дека тој со СМС пораки комуницира со Алексис Санчез и дека е многу позитивен.

Веќе со месеци се шпекулира дека Чилеанецот ќе го напушти Арсенал, а наводно го сакаат Баерн и Сити. Сепак, Венгер е убеден дека ќе го задржи главниот играч на екипата кој веќе влегува во последната година од договорот.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


„Раговараме со текстуални пораки и многу е позитивен. Моите мисли секогаш се позитивни. Играше цела сезона, а потоа уморен отиде да игра на Купот на Конфедерациите. Не можете да кажете дека играчот нема да има одмор и дека мора да се врати, тоа е невозможно“, изјави Венгер.

Санчез минатата сезона постигна 24 гола со 10 асистенции, а Венгер го очекува на крајот на месецот на тренингот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

На 40 години на Роналдо вакво нешто прват му се случи во криерата!

По првпат во кариерата на капитенот на Португалија, беше исклучен додека играше за национа…