Дома Топ вести Венгер го одврзува ќесето: Спреми 100 милиони за тандем од Франција

Венгер го одврзува ќесето: Спреми 100 милиони за тандем од Франција

Венгер како по обичај засилувањата за следната сезона ќе ги бара во својата татковија, а на мета се двајцата одлични млади фудбалери – Александер Лаказет и Тому Лемар.

Играчот за врска на Монако и напаѓачот на Лион се двете најголеми трансфер желби на Венгер, па доколку ги донесе ќе заврши голем дел од работата во овој трансфер период.


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Англиските медиуми пренесуваат дека „топџиите“ се спремни за тандемот од Франција да потрошат неверојатни 96 милиони евра.

Имено, Венгер е спремен да понуди 55 милиони евра за Лаказет, со што напаѓачот ќе стане најскапото засилување во историјата на Арсенал.

Што се однесува до Лемар, во следните денови „топџиите“ ќе испратат понуда тешка 41 милион евра.

Доколку успее да ги донесе овие двајца фудбалер Венгер ќе добие големи засилувања за средниот ред и нападот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Усаин Болт измамен, останал без 12 милиони долари

Светскиот рекордед на 100 метри Усаин Болт тврди дека е измамен и дека изгубил 12 милиони …