Дома Трансфер зона Велковски го доби Џерард за тренер, а сега соиграч може да му стане Кутињо

Велковски го доби Џерард за тренер, а сега соиграч може да му стане Кутињо

Од вчера македонскиот репрезентативец, Дарко Велковски во Ал Етифак за тренер го доби легендарниот Стивен Џерард, а наскоро може да добие и големо име за сиграч.

Поранешната ѕвезда на Ливерпул и Барселона, Фелипе Кутињо би можел да биде нов играч во Ал Етифак. По одличните настапи во Ливерпул, Кутињо во 2017 година се пресели во Барселона, но тогаш неговата кариера тргна во надолна линија и никогаш не ја врати формата со која играше на „Енфилд“.


1/8 финале: Италија и Германија фаворити, но ... ↓↓↓


Информациите се дека „Ал Етифак“ веќе започнал преговори да го доведе Бразилецот и со тоа би продолжил трендот на големи европски имиња кои се селат во оваа држава.

Џерард и Кутињо соработуваа и во Астон Вила, па сега англискиот стратег сака да го има и во Ал Етифак.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Позната најголемата трансфер желба на Тен Хаг

Матијас Де Лихт не е задоволен во Баерн Михен и таквата ситуација сака да ја искористи Ман…