Дома Македонски спорт Велковски: Во баражот сме аутсајдери, но ќе дадеме се од себе за нов успех!

Велковски: Во баражот сме аутсајдери, но ќе дадеме се од себе за нов успех!

Дарко Велковски е во центарот на вниманието на неговиот клуб откако Македонија го победи Исланд и обезбеди бараж за Светското првенство.

По враќањето во клубот македонскиот дефанзивец зборуваше за клупскиот сајт на Ријека.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


„Постигнавме навистина голем успех со освоеното второ место. Клучен се покажа мечот Романија – Исланд на кој Романците кикснаа на свој терен. Победата од Ереван ние моравме да ја потврдиме дома против Исланд. Не беше лесно, притисокот се чувствуваше. Публиката дојде во голем број на стадионот, верувавме , но никако не беше лесно. Водевме, потоа Исланд израмни и создаде неколку шанси. Сепак, на крајот постигнавме два гола со кои дојдовме до победата. Сега одиме во баражот каде што реално сме аутсајдери, но ние ќе дадеме се од себе за нов успех“, изјави Велковски за сајтот на Ријека.

Македонија противникот во баражот ќе го дознае на 26. ноември додека бараж натпреварите се играат на 24/25 март.

Фото: ФФМ

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Освои Златна топка, а сега на 29 години веќе нема да заигра сериозен фудбал!?

Шпанскиот играч за врска Родри (29) се очекуваше да има славеничко враќање во неговиот дом…