Дома Македонски спорт Мак фудбал Васоски си замина од клупата на Академија Пандев!

Васоски си замина од клупата на Академија Пандев!

На две кола пред крајот Александар Васоски си поднесе оставка од клупата на Академија Пандев по вчерашниот пораз на домашен терен од Тиквеш со 1:4.

Оставклата на Васоски е неотповиклива и доаѓа во момент кога тимот го има обезбедено опстанокот ПМФЛ бидејќи е јасно дека од првенството испаѓа победа, а бараж натпревар ќе игра Скопје.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


За Васоски ова беше втор мандат на клупата на струмичкиот клуб, но не беше успешен како првиот. Во Струмица се врати од Босна каде што го водеше Сараево.

Васоски во минатото беше тренер и на Вардар со кој успеа да ја освои титулата во ПМФЛ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Вакво нешто не се памети во Македонија: РК Вардар спектакуларно го претстави новиот дрес! (Видео)

Ракометниот клуб Вардар ги одбројува последните денови до почетокот на новата сезона, а по…