Дома Фудбал Англија Варди промаши пенал, Барнли со пресврт подобар од Лестер

Варди промаши пенал, Барнли со пресврт подобар од Лестер

Тимот на Лестер денес беше поразен на „Турф Мур“ од Барнли со 2:1.

После убедливиот пораз од Ливерпул, избраниците на Брендан Роџерс не успеаа да слават во наредните два натпревари и да се вратат во живот. После поразот од Саутемптон на „Кинг Пауер“, денес „лисиците“ изгубија и на тешкото гостување кај Барнли.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Натпреварот добро започна за Лестер, преку Харбеј Барнес стигнаа до водство со кое заминаа на полувреме.

На почетокот на вториот дел Вуд изедначи со глава на 1:1 после лошата реакција на одбраната на Лестер. Стрелецот на првиот гол во 67. минута падна во шеснаесетникот и судијата немаше дилеми, покажа на белата точка, меѓутоа Варди не ја реализираше најстрогата казна.

Барнли казни преку преку Вествуд на десетина минути до крајот за конечни 2:1.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Работнички со пресврт го совлада Пелистер, Шкендија подобра од Беса

Денешното 28. коло од Првата македонска фудбалска лига донесе возбудливи дуели и нови побе…