Дома Македонски спорт Мак ракомет Вардарки со прва титула во регионалната женска ракометна лига

Вардарки со прва титула во регионалната женска ракометна лига

Ракометарките на ЖРК Вардар ја освоија титулата во женската регионална ракометна лига откако синоќа во финалето што се одигра во СЦ „Јане Сандански“ го совладаа големиот ривал Будуќност со 27:25 (15:14).

„Вардарки“ триумфот го најавија на самиот старт со одличниот настап на голманката Амадин Лејно, која вчера во полуфиналето со Подравка не бранеше, а денеска имаше одличен почеток на финалето со четири одбрани. ЖРК Вардар во финишот на првиот дел имаше водство од четири голови, но Будуќност преку бековите Кристина Неагу и Катарина Булатовиќ го намалија водството.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


На почетокот на вториот дел „црвено-црните“ поведоа со 20:17, но кон средината на полувремето, Будуќност имаше водство со 22:21. Македонскиот првак брзо ги консолидираше редовите и стигна до победата.

Најефикасна кај ЖРК Вардар беше Тамара Мавсар со шест постигнати голови, а Андреа Пенезиќ постигна пет. Во таборот на Будуќност, Неагу и Булатовиќ дадоа по осум голови.

Во малото финале екипата на Крим постигна победа од 31:25 против Подравка.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Maнасков брутално искрен: Нема да играм за Македонија поради Лазаров!

Ракометарот на Еурофарм Пелистер, Дејан Манасков, кој оваа сезона игра во одлична форма, о…