Дома Македонски спорт Мак фудбал Вардар, Шкупи и Работнички ги добија противниците: Џерард со Ренџерс доаѓа во Македонија

Вардар, Шкупи и Работнички ги добија противниците: Џерард со Ренџерс доаѓа во Македонија

Македонските преставници во Лига Европа, Вардар, Работнички и Шкупи денес ги добија противниците во квалификациите за најмасовното европско натпреварување.

Вардар ќе игра против ерменскиот Пјуник, Работнички ќе има тешка задача против унгарски Хонвед, а Шкупи го доби најатрактивниот можен противник, Глазгов Ренџерс.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Глазгов Ренџерс минатата сезона ја заврши на второто во шкотската лига, а познато е дека на клупата ги предводи легендарниот Стивен Џерард.

Првите натпревари се на програмата на 12-ту јули, а реваншите се играат на 19-ти јули.

Вардар и Шкупи реванш натпреварите ќе ги играат на домашен терен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Вардар го совлада Охрид за „три од три“ во плејофот на Суперлигата

Ракометарите на Вардар забележаа значајна победа против тимот на Охрид во рамките на плејо…