Вардар стана европски шампион, а од Барселона која црвено-црните ја победија во полуфиналето и после неколку дена се уште се жалат на судењето.
Најтрофејниот клуб во европскиот ракомет, Барселона изгуби од Вардар на еден неверојатен начин во полуфиналето на завршниот турнир во Келн. Барселона на полувремето водеше со седум голови разлика, тоа беше најголемата разлика која ја имал еден клуб на некој фајнл-фор. На Каталонците тоа не им беше доволно затоа што Вардар одигра магично второ полувреме и со епски пресврт обезбеди финале против Веспрем во кое и победи.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Денес Барселона ги испрати на одмор своите ракометари, а спортскиот директор на овој клуб Давид Баруфет иако поминаа неколку дена, повторно зборуваше за поразот од Вардар.
„Во полуфиналето против Вардар одигравме катастрофални 15 минути во кои ниту еден ракометар не направи ништо добро. Покрај тоа ќе кажам и дека судиите не оштетија, а ние не реагиравме на некои лоши одлуки и дозволивме Вардар да добие таква помош. Промашувавме зицери и губевме топки во чисти ситуации. Ракометарите беа деконцентрирани поради лошото судење“, смета директорот на Барселона.
Потоа тој поврди и дека Пасквал ќе остане тренер и следната сезона како и дека клубот нема да купува играчи за сезоната 2019/2020.