Актуелниот европски првак Вардар вечерва од 20.30 часот ќе се соочи против Веспрем во финале на СЕХА-лигата, каде што ќе ја брани титулата.
Веспрем е фаворит за трофејот затоа што Вардар доживеа големи промени летово и не е тој стариот, но и покрај тоа никој не смее да ги отпише „црвено-црните“.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Вардар знае како да стигне до трофејот, а „тајната“ ја откри ракометарот Ловро Јотиќ.
„Мора да играме цврсто во одбрана за да го добиеме финалето, а треба да се покажат и голманите. Сметам дека детали ќе го решат победникот“, кажа Јотиќ.
На завршиот турнир во Задар најпрво ќе се пресметаат ППД Загреб и Мешков Брест за трето место, по што ќе играат Вардар и Веспрем од 20.30 часот.