Вардар конечно ја прекина кризата во Лигата на шампионите и денес во Скопје беше победен Елверум со 35:32.
Како и претходниот натпревар и во овој од самиот старт гледавме брз ракомет со многу голови. Серија одбрани во еден период имаа и Кизиќ кај Вардар и Фрис кај Елверум.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Во финишот од полувремето Елверум направи предност од 17:14, а на полувреме Норвешкиот тим замина со водство од 19:17. Фрис во првото полувреме собра 10 орбани.
За среќа на Вардар во вториот дел не беше истиот. Вардар во 41. минута дојде до 24:24. Робин Кантегрел влезе во игра и собра пет одбрани. На пет минути до крајот Калараш доби црвен картон при резултат 31:30 за Елверум. Потоа Чупиќ промаши пенал, па Елверум отиде и на плус два 32:30.
Од тој момент Вардар влезе во добра серија и направи серија од 5:0 за победа од 32:35.
Оваа победа е важна за да можат црвено-црните да напредуваат на табелата со што би добиле полесен противник во втората фаза.
Фото: Денис Дуковски