По одигрувањето на реванш натпреварите од четвртфиналето во Лигата на Шампионите познати се екипите кои ќе играат на завршниот турнир во Келн. Тоа се екипите на Вардар, Нант, Монпелје и ПСЖ.

Вардар по голема борба против Кил успеа по втор последователен пат игра на завршниот турнир во Келн. Иако противникот не совлада со еден гол разлика (27:28), поради повеќе постигнати голови во “Шпаркасе“ арената (28:29), црвено-црните ќе ја продолжат борбата за одбрана на Европската титула. Минатогодишниот финалист екипата на ПСЖ го потврди квалитетот и на вториот меч против Киелце и со две победи против поранешниот Европски шампион го завери учеството на Ф4.

Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓


Најголемото изненадување е екипата на Монпелје, која успеа на реваншот пред својата публика убедливо да ја порази екипата на Фленсбург (29:17) и на тој начин да се пласира на Ф4. Првиот дуел во Германија заврши со нерешен резултат (28:28). Нант успеа да ги задржи шестте гола предност од првиот меч на својот терен и исто така да обезбеди учество на завршниот турнир. На реваншот во Данска, екипата на Нант за која настапува Кирил Лазаров одигра нерешено со домашниот тим на Скјерн (27:27.).

Ждрепката е закажана за во среда од 12 часот,но она што е интересно дека Вардар ќе се бори против три екипи од Франција.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Македонија ѝ пресуди на Литванија и ќе игра на ЕП 2026

Ракометната репрезентација на Македонија направи се пласира на Европското првенство (ЕП) в…