Специјалистот за одбрана Илија Абутовиќ на крајот од оваа сезона заминува од Скопје и кариерата ќе ја продолжи во буднес тимот Рајн Некар Левен. Тој ја прифати понудата од Германија и потпиша договор со тимот до 2021 година.
Рајн Некар Левен не е само најдобар клуб во Германија, туку имаат и цели за во иднина. Би сакал да придонесам со моите игри за успех на клубот“, истакна Абутовиќ.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Српскиот ракометар е еден од „староседелците“ во Вардар, дојден уште пред ерата на Сергеј Самсоненко, во 2011 година. Му помогна на тимот да освои четири титули во македонската Суперлига, една во СЕХА-лигата и онаа најважната, во Лигата на шампионите.
Заминувањето на Абутовиќ е нов удар за шампионската генерација на Вардар, откако заминување од клубот објавија и Лука Циндриќ, Арпад Штербик,Мијајло Марсениќ,Хорхе Македа…