Фудбалската асоцијација на Англија објави дека донела одлука да се користи ВАР системот во полуфиналните натпревари од ФА Купот, кои на програмата се следниот викенд.
Полуфиналните натпревари традиционално ќе се играат на „Вембли“, а новината е што ВАР снимките ќе можат да ги гледаат и фановите на големиот екран на стадионот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Досега само телевизиските гледачи можеа да ги видат повторувањата од спорните ситуации, па ова ќе биде прв пат да гледаат и присутните на стадионот.
„Идејата е судиските одлуки да бидат транспарентни и за навивачите на трибините, не само за оние кои не следат на ТВ. Ова е уште еден чекор напред во технологијата“, потенцираат од Фудбалската асоцијација на Англија.
Примиерно ВАР-снимките навивачите на стадионите ќе може да ги следат во полуфиналните натпревари на ФА купот, кој ќе се игра на „Вембли“, а каде Манчестер Сити се соочува со Брајтон, додека Вотфорд игра со Вулверхемптон.