Премиер лигата за прв пат оваа сезона воведе ВАР технологија и тоа се покажа како вистински погодок, исто како и во другите европски шампионати.
Имено, ВАР до сега 15 пати интервенирал да ги исправи грешките на судиите во Премиер лигата, а последен пат тоа се случи на натпреварот Вест Хем – Кристал Палас.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Палас победи на гостувањето со 1:2, а спорен беше токму победоносниот гол на Џордан Ају, кој најпрво беше поништен поради офсајд, но после интервенција на ВАР беше донесена правилна одлука и голот беше признат.
Ова беше четврта ситуација на признавање на гол после интервенција на ВАР. Вкупно 475 случаи минале на проверка на ВАР од почетокот на сезоната, односно 6 ситуации на меч.
Опшатата оценка на судиската асоцијација е дека ВАР до сега работи со голем успех во Премиер лигата.