Дома Фудбал Италија Ванда до навивачите на Интер: Каде ви е Лукаку во ЛШ? Нокаут фаза ќе гледате на ТВ!

Ванда до навивачите на Интер: Каде ви е Лукаку во ЛШ? Нокаут фаза ќе гледате на ТВ!

Ванда Нара повторно ги нападна критичарите за да застане во одбрана на својот сопруг и клиент, Мауро Икарди на кого навивачите на Интер се уште не му го простиле трансферот во ПСЖ.

Поранешниот напаѓач на Интер беше критикуван во познатата италијанска тв емисија „Тики-така“. Икарди го критикуваше еден навивач на Интер, Џиакомо Валенти.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Конечно имаме вистинска деветка, човек кој постигнува голови и кој е лидер на теребот“, изјави Валенти и така освен што го пофали Лукаку, испрати и провокација до Икарди. Набрзо потоа се јави Ванда и застана во одбрана на Мауро.

„Би било убаво да се види Лукаку во важните натпревари, во Лигата на шампионите не постигна гол, а нокаут фазата ќе ја гледате на телевизија. Минатата деветка на Интер постигна 150 голови“, гласеше одговорот на Ванда.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Неверојатно е што прави Ендрик, во Мадрид може само да плачат!

Ендрик оваа зима пристигна во Лион на позајмица од Реал Мадрид и веќе на почетокот на нова…