Англија втор пат по ред е финалист на ЕП. Избраниците на Герет Саутгејт во полуфиналето ја совладаа Холандија со 2:1 и изборија меч со Шпанија за трофејот на европскиот шампионат.
Холанѓаните рано поведоа со прекрасниот гол на Чави Симонс, но Хари Кејн брзо одговори од белата точка. Кога се чинеше дека натпреварот ќе оди во продолженија, се појави Оли Воткинс кој погоди во 90. минута.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Сепак, според многумина, пеналот досуден за Англија е многу контроверзен. Контактот помеѓу Кејн и Дамфрис не беше сомнителен, но дојде откако Кејн веќе упати удар кон голот и промаши. Судијата по прегледувањето на видеото одлучи дека тоа е прекршок за најстрога казна.
По натпреварот, холандскиот капитен и ѕвезда на Ливерпул, Вирџил Ван Дајк беше многу критичен кон Цвајер: „Судијата избега во соблекувалната во истиот момент кога означи крај на натпреварот, мислам дека тоа кажува многу“.